Осум мигранти од Пакистан откриени во возило кај Демир Капија

Од:

Осум мигранти од Пакистан се откриени вчера во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки во близина на бензинската пумпа кај Демир Капија.

Како што соопшти МВР, вчера ооколу 21 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, кај местото викано „Први тунели“, полициски службеници дале знак за запирање на возилото, но возачот не застанал.

Набргу, според пријавеното, во близина на бензинска пумпа кај Демир Капија од возилото се истовариле осум лица, за кои при проверка било утврдено дека се мигранти од Пакистан. Тие биле предадени во Транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ГРОМ: Не е боледување, Сотир Лукровски избега од Карпош

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

Во Кочани 42.Марш за ангелите

Предраг Петровиќ

Сиљановска Давкова: Како докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да се спротивставиме на секој облик на фашизам или слични идеологии

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

Левица: Слава на хероите – Честит Ден на победата над фашизмот