Осум лица се повредени во 10 сообраќајки вчера во Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле осум лица.

Самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје за МИА информира дека во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

– Тринаесет возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, 16 возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење и седум возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, информира Вељаноски.

Санкционирани се и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 69 возила.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ОУ „Цветан Димов“, општина Чаир.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ