Осум лица се испитуваат дали имаат коронавирус

Од:

Осум пациенти се испитуваат дали се позитивни на коронавирусот. Станува збор за сопружници кои престојувале во Бугарија, патник од Сингапур, едно лице од Гевгелија, како и четири лица кои контактирале со заболените пациенти од Дебар. Министерот Венко Филипче вели дека на располагање се ставени сите капацитети на болниците во Велес, Штип, Демир Капија и Гостивар, кои би требало да бидат карантин во случај на повеќе случаи со коронавирус.

„Се испитуваат уште осум пациенти на Клиниката за инфективни болести. Тоа е еден пациент со симптоми, кој на 26-ти престојувал во Бугарија и развил симтоми слични на грип, заедно со неговата сопруга. Понатаму, еден патник од Сингапур, наш државјанин кој пред три дена се вратил во нашата земја. Четири лица од фамилијата на пациентите кои биле хоспитализирани од Дебар и еден пациент од Гевгелија за кого е испратен материјал и ги очекуваме епидемиолошките податоци“, рече Филипче.

Засега нема да се користат капацитетите на болниците во четирите градови и истите ќе се ангажираат доколку има најава за поголема група која има симтоми или била во контакт со заболено лице од коронавирус. За дополнителни мерки на претпазливост, Комисијата за заразни болести ќе заседава утре. Доколку бидат донесени нови заклучоци со мерки за заштита од коронавирусот, тогаш предлогот ќе биде доставен до Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Филипче: Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформи нема, Македонија губи време, власта врши притисок на судството

Катерина Ѓуровски

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време