Осум години затвор за стрелецот Пешиќ оти обљубил 13-годишна ученичка на тренинг

Од:

Осум години затвор доби тренерот по стрелаштво Благој Пешиќ за обљуба на 13-годишна негова ученичка. Одлуката ја донесе судот во Велес.

Обљубата се случи пред две години кога ученичката се пожалила дека тренерот ѝ го бакнал вратот, ја држел за рака и ја допирал. Тренерот Пешиќ веднаш по пријавата од мајката на обљубеното девојче беше притворен.

Обвинителството пред две години не ја прифати гаранцијата од 216 илјади евра за Пешиќ да биде пуштен од притвор.

Голем број кавадарчани, сограѓани на Пешиќ, родители на деца кои тренирале кај него, преку протест пред судот во Велес во 2017 година бараа да биде ослободен и тврдеа дека се работи за местенка од луѓе кои сакаат да го оцрнат семејството.

Македонската спортска федерација неколкупати го прогласуваше стрелецот Пешиќ за тренер на годината, а Општината во 2016 година му додели и награда „7  Септември“ за животно дело.

Благој Пешиќ е татко на поранешната македонска репрезентативка во стрелаштво Дивна Пешиќ, учесничка на две Олимпијади.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари