Осум години од немилите настани во Струга

Од:

Со запалени свеќи во рака неколку стотина граѓани на Струга синоќа пред седиштето на политичките партии под мотото „Струга памети-Струга не заборава“, во организација на Здружението на граѓани „Наша Струга“ оддржаа мирен собир по повод 8 годишнината од немилите настани во Струга

На 22 јули 2004 година со донесувањето на законот за територијална распределаба Бранко Црвенкоски не потцени, омаловажи и клекна на колена, а за уште повеќе да не понижи се дрзна така што крена рака на лојалните граѓани на својата држвава со што неговите лични интереси ги стави пред граѓанските“, изјавија организаторите.

Со законот за територијална поделба кон Струга се припоија неколку чисто албански села со што Струга стана општина со доминантно албанско население.

Пред 8 години на 22 јули пред седиштето на политичките партии се случуваше вистинско безредие. Околу 2000 стружани таа ноќ со молотови коктели се обидоа да ја запалат зградата на Општинскиот комитет на СДСМ во Струга испровоцирани од присуството на тогашниот министер за одбрана, Владо Бучковски, кој во Струга дојде за да ги смири граѓаните поради предлогот за територијална организација.

Во таа намера тие беа спречени од полицијата и од специјалните единици за брзо распоредување, кои со солзавци, шок-бомби, гумени куршуми го разбркаа народот. Нередите во Струга тогаш завршија со 30-ина повредни, цивили и полицајци, запалени контејнери и превртени автомобили. Тогашниот министер за одбрана Бучковски полицијата успеа да го извлече со хелихоптер по 7 часовно заробеништво во партиските простории, а претходно пред зградата беа извикувани пароли “Струга е македонски град”, “Бучковски предавник”, “Излези надвор“.

Против десеттина лица учесници во настаните се водеше и судски спор

Мики Трајковски

/p

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски