Околу 3 часот утрово, 67-годишен битолчанец се полеал со бензин и се самозапалил, па со автомобил во кој имало плинска боца од 10 литри удрил во скалите од зградата на Основниот суд – Битола. Плинската боца не експлодирала, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.
Судскиот полицаец успеал да го изгасне лицето кое со тешки телесни повреди е пренесено на клиниките во Скопје. На местото на настанот увид извршил надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола.
Осуденикот денеска требало да започне со издржување казна затвор во траење од 10 години за полов напад врз дете кое не навршило 14 години.
За понатамошниот тек на постапката јавноста ќе биде дополнително информирана.