Острени: Во Македонија нема простор за дводомен парламент

Од:

Предизборен митинг во Дебар одржа синоќа коалицијата Алијанса за Албанците (Унитети-РДК) на кој беа претставени кандидатот за градоначалник Шкелќим Џафа и кандидатската листа за советници.

Пред присутните се обрати лидерот на Унитети, Гзим Острени кој упати остри критики до неговиот довчерашен коалициски партнер Зијадин Сеља, за кого рече дека една недела пред да почне изборната кампања, неговата партија ДПА-Движење за реформи, која беше дел од коалицијата „Алијанса за Албанците“ ја регистрирал како партија Алијанса за Албанците за потоа Сеља да нуди програма за дводомен парламент во Македонија.

– Во Македонија нема простор за дводомен парламент, а таквите најави се само желба за да дојде до нови судири и да им се даде повод на ВМРО-ДПМНЕ и другите да кажат дека Албанците се виновни за сè во Македонија, порача Острени и нагласи дека поделбите на патот кон ЕУ се штетни.

На митингот во Дебар беше промовиран и кандидатот за градоначалник Шкелќим Џафа. Тој истакна дека во Дебар треба да престанат партиските вработување и да има деполитизација на администрацијата. Тој исто така упати остри критики на актуелната локална власт во Дебар, во врска со, како што рече, катастрофалната состојба на депонијата и негрижата за животната средина.

Пред присутните беше претставена и кандидатската листа за советници, чиј носител е Мунире Думани.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ