Острени: Ние сме за продолжување на мандатот на СЈО

Од:

Лидерот на Унитети, Гзим Острени, партија која е дел од Алијансата за Албанците во изјава за А1он вели тие ќе гласаат за продолжување на мандатот на СЈО. Дека албанските партии прифаќаат да се продолжи мандатот на СЈО се гледа и во декларацијата на албанските партии.

„Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот Обвинител, без етнички и политички предрасуди. Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган“, стои во третата точка од декларацијата..

– Ние ќе гласаме да се продолжи мандатот на Специјалното јавно обвинителство и би гласале за оформување на Специјално судство, вели Острени за А1он.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој денеска го доби мандатот за формирање на влада, во интервју за „Дневник“ рече дека партијата нема да се согласи за продолжување на мандатот на Спејцијалното јавно обвинителство, бидејќи „од авион се гледало оти СЈО работи под сугестија на некои амбасади и очигледно е дека некому надвор му треба СЈО за продолжување на кризата во Македонија и држење во заложништво на една политичка партија“ и дека „со пролонгирање на роковите за СЈО, ќе се пролонгира кризата“.

„Имавме преговори летото 2015 година. Сите четири партии се договоривме и потпишавме одредба со која СЈО ќе има 18 месеци за истражување и за евентуално поднесување обвинение ако против некој обезбеди докази. Ние испочитувавме сè од тој договор. Дури, наместо 18, добија три и пол месеци дополнително време, во периодот помеѓу 15 септември и 30 декември 2015 година, кога објаснуваа дека им требало време да се екипираат, да набават сеф за креираните снимки, па мал бил тој сеф, бараа поголем, па видовме дека им требало простор колку за три видеоленти и слични лажни изговори“, вели Груевски во интервјуто.

Тој вели дека идејата за пролонгирање на 18-те месеци не потекнува од СЈО и оти знаел од каде е.

„Од овие причини ние донесовме одлука дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи за продолжување на рокот на СЈО и тоа неколкупати го објавивме. Ниту, пак, оние две други барања поврзани со Законот за заштитните сведоци и со судско одделение за предметите на СЈО. Ова беше наш јавно искажан став и пред изборите и повеќепати за време на кампањата, кога гласачите ги запознавме со тоа дека ние сме против продолжување на 18-те месеци мандат на СЈО“, нагласува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека „со пролонгирање на роковите за СЈО со сигурност ќе се пролонгира кризата. Јас на почетокот кажав, ние нема да правиме коалиција по секоја цена. Сепак, ДУИ знае дека биле ние во владата или во опозиција, барањето за СЈО нема да се реализира, бидејќи и договорот од јуни-јули 2015 година и Законот за СЈО предвидуваат дека за негова промена не е потребно само двотретинско мнозинство, туку и согласност на сите четири партии потписнички“, изјавува Груевски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов