Оставката на Бојан Лазаревски е поднесена пред да биде назначен за в.д. директор на Агенција за филм

Од:

По денешната реакција на Државната комисија за спречување на корупцијата, Владата на Република Северна Македонија соопшти дека на вчерашната седница ја констатирала оставката на Бојан Лазаревски од функцијата член на Управниот одбор на Агенцијата за филм.

Оставката на Лазаревски, се наведува во соопштението од владината прес-служба, е поднесена неколку дена пред тој да биде назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм. Оттаму, се посочува, во конкретниот случај не постоела никаква можност да настане кумулација на функции.

– Имено, согласно членот 16, ст. 1, ал. 1 од Законот за филмската дејност мандатот на директорот на Агенцијата му престанува по сила на закон кога тој ќе поднесе оставка во писмена форма. Вчерашната владина одлука има само декларативен карактер, односно со неа само се потврдува приемот на оставката, а таа важи од самиот момент кога е поднесена, односно од пред г-дин Лазаревски да биде воопшто назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм. Со други зборови, законската одредба е јасна дека при поднесување на оставка функцијата престанува по сила на закон, се појаснува во соопштението.

Владата на Република Северна Македонија, стои во соопштението, постојано инсистира на задржување на највисоките стандарди при назначување на функционери и оттаму, состојбите на кумулација на функции се далеку од прифатливи.

– Владата и владините тела внимателно ги испитуваат сите релевантни факти пред дадено лице да биде назначено за функционер, се подвлекува во соопштението од прес-службата на Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски