Оставката на Адеми депонирана во Собранието

Од:

Oставката на министерот Абдилаќим Адеми веќе е депонирана во Собранието. Оставката Адеми ја најави на социјалните мрежи.
Претседателството му даде овластување на Ахмети да одлучува за натамошните чекори на партијата. ДУИ ја информира локалната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите политики во наредните денови.

12417749_585530778285348_6580023977586332876_n

Демократската унија за интеграција повлекува девет функционери од Владата. Неофицијално во владиниот кабинет повеќе не се вицепремиерите Муса Џафери и Фатмир Бесими, како и министрите Аднан Јашари, Беким Незири, Абдулаќим Адеми, Љирим Шабани и Нурхан Изаири.

Засега нема конкретно објаснување на што се должи ваквата одслука на Ахмети. Одлуката беше донесена доцна синоќа од страна на претседателството на ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата