Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести да се одбијат барањата за измени на Протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика (свадби, матурски, крштевки и слично), со цел спречување на ширење на коронавирусот.
Владата соопшти дека на седницата ја усвоила и препораката на Комисијата за заразни болести согласно која сите патници, државјани на Косово коишто поминуваат низ Република Северна Македонија, треба задолжително да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.