Останува одлуката на Синодот на МПЦ-ОА за црковните општини во Австралија

Од:

Ставот на Светскиот архиерејски синод на МПЦ-ОА кој се однесува на верниците во Австралија е донесен едногласно. Црковните општини со расчинетите свештеници не ги почитуваат црковните канони и одлуките на САС, изјави денеска митрополитот Преспанско-пелагонски и администатор Австралиско-новозеландски г. Петар.

На прес-конференцијата на која ја образложи одлуката на САС за повторување на обредите за крштевки, венчавки и погреби бидејќи тие се извршени од страна на расчинети свештеници, митрополитот Петар рече дека пет црковни општини од Австралија целосно ги суспендирале црковните закони и оти нивната цел е да формираат т.н. компаниски општини со кои ќе управуваат.

– Имаме пет општини кои никогаш не прифатиле ниту јурисдикција на МПЦ, ниту правилници одобрени од САС, ниту Устав на МПЦ. Ништо не прифаќаат, а се сметаат дека се првите општини во епархијата. Синодот првпат пресече дека ќе се решаваат проблемите на МПЦ во Австралија согласно со светите канони, Уставот на МПЦ и прописите. Досега ако се толерираа одредени работи тоа се правеше со цел да се утврди кој е виновникот бидејќи цело време се велеше дека митролитот Петар и оној којшто ги прави проблемите. Ако јас ги правев проблемите, тогаш немаше кај мене да останат 11 црковни општини со цркви и уште други шест кои немаат цркви, истакна митрополитот Петар.

Светскиот архиерејски синод при МПЦ донесе одлука со која заклучно до 30 септември следната година треба да се повторат обредите за крштевки, венчавки и погреби бидејќи верниците биле измамени. До 30 септември следната година ваквите обреди ќе се извршуваат бесплатно.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски