Осовски: ЕУ ќе продолжи со проширувањето, ја имате германската поддршка

Од:

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретна со амбасадорот Томас Осовски, ополномоштеник за ЕУ-политики при германското МНР.

Од Министерството за одбрана информираа дека на средбата соговорниците разговарале за реформските политики на владата, спроведувањето на планот 3-6-9 и новиот импулс на добрососедски односи.

– Владата е посветена на исполнување на реформите предвидени во планот 3-6-9, свесна дека по надминувањето на политичката криза граѓаните на Република Македонија очекуваат вистински резултати на полето на владеење на правото, борба со корупцијата, слобода на медиумите, транспарентност, придвижување на државата напред. Меѓуетничките односи се зацврстени, во соседството создаваме пријатели, воспоставена е транспарентност. Во доменот на владеење на правото ги цениме препораките на Прибе по кои судскиот сектор треба да се реформира, рече Шекеринска.

Според амбасадорот Осовски спроведувањето на реформите од планот 3-6-9 е нов старт за земјата, кој е од особено значење за деблокирање на застојот на патот кон ЕУ и НАТО. Амбасадорот рече дека Македонија мора да покаже резултати на полето на владеење на правото, демократски структури, добро владеење и борба со корупцијата.

– ЕУ ќе продолжи со проширувањето. Ја имате поддршката од Германија, и затоа е добро што вашата влада е посветена тие услови да ги исполни. Поставивте план 3-6-9 што е многу позитивно, и свесни сте дека мора да се покаже прогрес, истакна Осовски.

Тој го поздрави договорот со Бугарија како важен чекор во унапредување на добрососедската политика и изрази поддршка за разговорите со Грција. Важно е, порача Осовски, граѓаните да ја вратат довербата во судството, а корупцијата да не остане неказнета.

На состанокот присуствувале и германскиот амбасадор Томас Герберих и соработникот во одделот за Европа при германското МНР Доротеа Гизелман.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Хегсет предупредува на непосредна закана од Кина, побара поголеми трошоци за одбрана