Осомничениот за убиството кај Детска клиника се гони за убиство на бремена жена

Од:

Притвор за осомничениот за убиството на жената кај Детската клиника побара Основното јавно обвинителство Скопје и издаде наредба за отворање истрага против тоа лице за сторено кривично дело – убиство на бремена жена.

– Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Убиство, со квалификаторен облик на убиство на бремена жена.Надлежниот обвинител ги презеде сите почетни мерки за прибирање докази и релевантни факти во насока на расветлување на случајот. При тоа, сослушано е едно лице и дадена е наредба за вршење на обдукција, се вели во соопштението од ОЈО Скопје.

Како што е наведено, досегашните сознанија потврдуваат дека жртвата не е почината од пад од височина.

– Убиството осомничениот го извршил на терасата на кровот на седмиот кат на Детската клиника во Скопје, каде е и најдено безживотното тело на сега починатото лице. Се очекува пристигнувањето на Извештајот од извршената обдукција од страна на Судска медицина, според кој ќе се утврдат и причините за настапување на смртта, се вели во соопштението.

Согласно законските прописи, а сметајќи дека се исполнети условите, јавниот обвинител до судија на предходна постапка, се наведува, поднесе Предлог за определување мерка притвор против осомничениот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски