Осомничениот судија Шаини пред суспензија

Од:

Судскиот совет на денешната седница ќе расправа за суспендирање на осомничениот управен судија, Мустафа Шаини.

Станува збор за времена мерка времено оддалечување од работното место.

Обвинителството побара времени мерки за забрана за вршење определени работни активности поврзани со предметот, но не ги доби од Кривичниот суд.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, донесе наредба за истрага против судијата Мустафа Шаини од Управниот суд во Скопје за злоупотреби со предмет за денационализација на имот на брегот на Охридското Езеро во Струга, со што државата ја оштетил над 200 илјади евра.

Осомничениот претходно бил адвокат и ги застапувал интересите по барање за денационализација на две лица, на чиј правен претходник му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на барањето за денационализација.

Во меѓувреме, осомничениот Шаини бил избран за судија на Управниот суд.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца