Основното јавно обвинителство Велес го расветлува вчерашното убиство

Од:

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место за вчерашното убиство кај местото Којник во Велес. Настанот се случил околу 14.00  часот, кога во куќата на сега починатиот дошол осомничениот и веднаш почнал да пука.

При тоа испукал неколку проектили и смртно го ранил починатиот. Во обид да избега на сторителот, сега починатото лице излегло од куќата и стигнало до улицата, каде осомничениот му вперил пиштол со намера да испука уште проектили.

Во тој момент по пријава на соседите, дошла полицијата која го лишила од слобода осомничениот, а на сега починатиот му е дадена медицинска помош. Но, поради сериозноста на повредите настапила смрт.

Увидот на лице место јавното обвинителство го изврши со увидни екипи на МВР. Надлежен обвинител издаде Наредба за вршење на обдукција на починатиот, наредба за вештачење на траги од лице место, на брисеви од крвта, на огненото оружје со кое е извршено делото.

Основното јавно обвинителство Велес продолжува со дејствијата во насока на расветлување на настанот.​

Би можело да ве интересира

„Се продава културно заградено место до река“: Жител во дивата населба на Бабуна продава плац кој не може да се легализира

Орце Костов

Дете прегазено во Велес, пренесено во скопските Клиники

А1он

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он