Основното јавно обвинителство – Гостивар трага по напаѓачите на британскиот велосипедист

Од:

Во текот на вчерашниот ден на патот од одморалиштето Бунец кон Маврово британски велосипедист бил пресретнат и нападнат од три непознати лица. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар земал изјава од оштетениот и издаде низа наредби во насока на расветлување на настанот, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Според исказот на оштетениот, лицата го врзале и го внеле во возилото и во исто време му ги одзеле платежните картички што ги поседувал. Искористувајќи момент кога бил сам со еден од напаѓачите, британскиот државјанин се ослободил и на напаѓачот му задал неколку удари со нож што го имал во себе. Откако избегал во блиската шума, преку социјалните мрежи ги алармирал родителите и пријателите. Тие се обратиле до британската полиција која преку Британската амбасада во Скопје ја известила ПС Гостивар, по што веднаш била иницирана потрага по велосипедистот. Оштетениот е пронајден во близина на каменоломот Пелагонија денеска во раните утрински часови.

Основното јавно обвинителство – Гостивар координира интензивна потрага по напаѓачите.

Би можело да ве интересира

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар