Основците од „Страшо Пинџур” Кавадарци реализираа еколошка акција

Од:

Основците од „Страшо Пинџур” Кавадарци денеска реализираа еколошка акција. Во еко активностите се вклучија и нивните врсници од подрачните училишта во кавадаречките села Марена, Возарци и Дреново. Учениците од прво до деветто одделение собираа отпад околу училишната зграда и на кејот на реката Луда Мара.

– Со помалите ученици имавме работилница на тема екологија. Во рамки на акцијата, спроведовме и селекција на претходно собран обичен и електронски отпад. Електронскиот отпад се собира во рамките на заеднички проект со еколошкото друштво “Еко-живот” и Пакомак, рече Стефка Саздовска, ментор и координатор на акцијата.

Таа нагласи дека училиштето кое е познато по еко активностите кои ги реализира, во иднина исто така ќе има повеќе еколошки акции.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци