Основците од ООУ „Јан Амос Коменски“ први во ЗД-Еко автобус

Од:

Општина Карпош во соработка со компанијата „Пакомак“, ги едуцира децата како правилно да го рециклираат отпадниот материјал. За таа цел, денеска во ООУ „Јан Амос Коменски“ се одржа првата интерактивна обука со предавање за проектот „3Д Еко-автобус“.

Во еколошкиот автобус, учениците од прво до петто одделение, ја проследија проекцијата на 3Д филмот како правилно да се фрла отпадниот материјал и да се заштити животната средина, односно каков материјал треба да содржи во контејнерите со сина, жолта и зелена боја. По проекцијата на филмот, следуваше игра-тест „Стани херој пакомаковец“ со Систем за интерактивно поврзување со публиката.

ekobus-komenski (1)

Целата презентација ја водеше легендарниот Ивце-Пивце, кој на интересен начин на најмалите им ја доближи проблематиката со која се соочуваме. Целта на проектот е децата да се здобијат со знаење за одделно собирање на отпадоците од пакување, создавање на личен позитивен однос кон одделното собирање на отпадот, формирање навики за секојдневно одговорно однесување кон околината како и мотивација на децата за активно однесување и применување од наученото. Помошник раководителот на секторот за дејности од јавен интерес, Гордана Стојческа- Зафировска, ја пренесе поддршката во име на локалната самоуправа, за овој проект.

– Општина Карпош преку десетте основни училишта, го поддржува овој проект веќе години наназад. Денеска со еколошкиот автобус кој за прв пат е организиран од страна на Пакомак и тоа во ООУ „Јан Амос Комеснки“, планирано е децата од основните училишта да поминат околу 15-20 минути во еколошкиот автобус, кои што на едукативен начин ќе ги збогатат своите знаење и ќе научат нешто ново за тоа како да го рециклираме отпадниот материјал. Со тоа ја зачувуваме нашата околина чиста. – рече Зафировска.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски