А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Османи заминува во работна посета на Германија, ќе оствари средби со Рот и Гис

by А1он15/08/2017 - 16:06227
Share0

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска ќе отпатува во работна посета на Берлин, Германија.

Добивај вести на вибер

Таму се очекува вицепремиерот Османи да оствари средби со Михаил Рот, државен министер за Европа во федералното Министерство за надворешни работи и со Андреас Гис, директор за развојна соработка во Министерството за економска и развојна соработка на Германија.

Реформите поврзани со процесот на европска интеграција на Македонија, особено динамиката на реализацијата на мерките од Планот 3-6-9, како и можностите за германската поддршка за нивна имплементација ќе бидат во фокусот на разговорите, информираа од кабинетот на Османи.

На средбите ќе се разговара и за Берлинскиот процес како и имплементацијата на мерките од Агендата за поврзување кои се особено значајни за понатамошно унапредување на регионалната соработка, како важен сегмент за процесот на пристапување во ЕУ.

Дополнително, во рамки на посетата на Берлин, Османи ќе се сретне и со д-р Кристоф Бејер, потпретседател на Управниот одбор на ГИЗ како и со претставници на Фондацијата Конрад Аденауер и Фондацијата Фридрих Еберт.

germanijaosmani

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Горан Наумовски08/03/2026 - 18:38

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 22:27

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Горан Наумовски27/02/2026 - 21:52

Кина ги престигна САД

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 17:56

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 11:31

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен