Османи во Виена: Не треба никаде да одиме, ние сме во Европа

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Австрија, учествуваше на една од најпрестижните конференции во Европа, „Виена Конгрес КОМ – СУЛТ 2018“ (Vienna Congress com – sult 2018). Оваа година, под наслов – „Стратегија за иднината на Европа“, конференцијата во најголем дел беше фокусирана на развојот на настаните на Западниот Балкан, како и европските перспективи на земјите од регионот. Вицепремиерот Османи го имаше воведниот збор на првиот панел „Go West, Western Balkan!“, каде ги потенцираше своите видувања за состојбите со европските интеграции во Македонија, но и пошироко во целиот Балкански регион.

„Ако размислиме од каде потекнуваме историски, каде припаѓаме географски, но и каде сакаме да бидеме во иднина, ние не треба да одиме никаде, бидејќи ние сме веќе онаму каде што сакаме, ние сме во Европа!”- изјави Османи, додавајќи дека за членство во Европската Унија, сепак се потребни се суштински промени кај земјите од Западниот Балкан.

Во своето обраќање, Османи направи поширок осврт и на севкупниот процес на проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан, особено во пресрет на Стратегијата на Европската Комисија која треба да излезе за една недела, а во која земјите од регионот очекуваат јасни и цврсти пораки за нивните европски перспективи. Во тој контекст Османи го потенцираше и оптимизмот во целиот регион во поглед на предизвиците кои ги носи 2018 година, особено првата половина од годината кога ќе се носат клучните одлуки од страна на телата на Европската Унија, во насока на процесот на проширување.

„Имаме исклучително позитивен моментум, предводен од Претседателството на Бугарија со Европскиот совет, кое треба да продолжи со преземањето на претседателството на Австрија, а потоа и на Романија, при што секоја од нив претставува цврст поддржувач на процесот на проширување на Европската унија, но и секоја од нив има нескриен интерес за интеграција на земјите од Западниот Балкан во Унијата“, истакна Османи.

Во рамки на работната посета на Австрија Вицепремиерот Османи оствари средба и со Генералниот секретар при Министерството за надворешни работи на Австрија, Мајкл Линхарт, на која Османи побара директна поддршка од страна на Австрија за европските интеграции на Република Македонија во насока на започнување преговори за членство во Унијата.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Трагедија во Виена: Србин ја уби сопругата, ја повреди ќерката, а потоа изврши самоубиство

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Девојче е избодено со нож во училиште во Виена, полицијата го бара напаѓачот, блокиран е целиот кварт