Османи во Ријад на средба со Ал Сауд: Голем потенцијал за директни инвестиции во земјава како и пласман за нашите земјоделски производи на саудискиот пазар

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на првата официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, оствари средба со министерот за надворешни работи, Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд, што воедно претставува и прва средба на министри за надворешни работи од воспоставувањето дипломатски односи.

На средбата беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и начините за нивно понатамошно унапредување, при што беше изразено задоволство од соработката во рамки на мултилатералните организации. Соговорниците разменија мислења за модалитетите за развој на економските и бизнис релациите, согласувајќи се дека постои голем потенцијал за интензивирање на соработката на полето на прехрамбената индустрија, туризмот и енергетиката, известува МНР.

„Денешната посета претставува потврда на заемната посветеност на развојот на билатералните односи, со посебен акцент на економските врски и трговската размена. Пред нас се отвараат големи можности за понатамошно интензивирање на размената на прехрамбени продукти и земјоделски производи, особено имајќи ги предвид актуелните предизвици со безбедноста на храната во овој регион и нашиот потенцијал за кој ни се потребни нови пазари“, истакна Османи

Воедно, Османи ги нагласи интензивните активности во доменот на економската дипломатија и посветеноста на креирањето поволни услови за странските инвеститори, подвлекувајќи дека саудиските инвеститори во Владата на Северна Македонија ќе имаат доверлив и транспарентен партнер за реализација на нивните потенцијални идни проекти.

Соговорниците разговараа и за можностите на унапредување на договорната рамка, парламентарната соработка како и соработката на полето на културата и образованието.

Османи го брифираше Ал Сауд за неодамнешното членство на Северна Македонија во Унијата за Медитеранот, претстојното претседавање со ОБСЕ и европското досие на земјата, а стана збор и за теми од регионален и меѓународен интерес, се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов