Османи во Париз: Остануваме на патот на европската интеграција

Од:

Остануваме посветени на реформите, на развојот на добрососедските односи и на унапредување на довербата со Бугарија. Ние се гледаме себе како дел од ЕУ и тоа ќе го оствариме пред се за да обезбедиме успешна иднина на нашите граѓани, но и како наш влог за успех на иднината на Европа, порача денеска во Париз министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во рамки на посетата, Османи се сретна со неговиот француски колега Жан-Ив Ле Дриан со кого разговараше за европската перспектива на земјава, билатералната соработка, сојузништвото во НАТО, реформската агенда во земјава и регионалните предизвици.

– Франција е еден од главните мотори на Европската унија и силна европска земја и ние сме благодарни што денес ја реафирмиравме поддршката за нашите европски интеграции. Овие пријателски пораки ни се потребни затоа што без разлика на предизвиците, не сакаме да оставиме простор за разочараност, изјави Османи.

Двајцата соговорници, како што информира МНР, разговарале и за европското досие на земјава во контекст на потребата од спроведување на одлуката на Советот на ЕУ во март минатата година.

– Секако дека претставува заедничка обврска да го зачуваме европскиот кредибилитет меѓу земјите од Западен Балкан затоа што не само нам, туку и на целиот континент му е потребен стабилен, просперитетен и европски регион. И тука најмногу сметаме на принципиелната поддршка од земјите-членки, сметаме на фер однос, сметаме на системот на заслуги. Сметам дека денес ги реафирмиравме овие принципилени позиции и со Франција, истакна Османи.

Во насока на продлабочување на билатералната соработка, Османи и Ле Дријан потпишале три документи – Договор за основање на француска агенција за развој, Договор за филмска копродукција и Договор за прием на донација на пренослив систем за балистичка идентификација.

Во текот на денот, Османи ќе се сретне и со советниците на францускиот претседател Изабел Думон и Александар Адам, а ќе оствари средби и со сенаторката Марта Де Синдрак и со заменик генералниот директор на Француската агенција за развој Филип Бодуен.

Би можело да ве интересира

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов

МНР: Ниту едно ДКП нема инструкции да доставува ноти до земјите на акредитација

Горан Наумовски