Османи во Њу Делхи се сретна со потпретседателот на Индија, Дханкар

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ја започна официјалната посета на Индија со средба со потпретседателот на државата Џагдееп Дханкар.

На средбата беа поздравени пријателските односи меѓу двете земји, како и реафирмирани заемните заложби за зајакнување на соработката, пред се’ во делот на економските врски и бизнис вмрежувањето. Притоа, Османи нагласи дека и покрај нашите надворешно-политички приоритети, од особена важност е интензивирањето на соработката и искористувањето на потенцијалите со земјите од Централна и Јужна Азија, посебно со Индија, со која не поврзува Мајка Тереза, соопшти МНР.

– Разликата во големината на двете земји, бројноста на населението, како и географската оддалеченост, не треба да бидат пречка за меѓусебно пријателство, добри билатерални односи и мултилатерална соработка. Ликот и делото на Мајка Тереза секогаш ќе биде дел од нашите истории и ќе остане во колективната меморија на нашите земји, рече Османи.

Соговорниците изразија подготвеност за зајакнување и на парламентарната соработка, унапредувањето на договорната рамка, како и интензивирањето на културната размена и доближувањето меѓу двата народи.

Османи го поздрави и честиташе последното високо достигнување на Индија во светски рамки, со првото успешно слетување на јужниот пол на Месечината како сериозен исчекор и голем успех не само за индискиот народ, туку и за целокупното човештвото.

За време на официјалната посета на Индија, Османи ќе има средби и со министерот за надворешни работи, Субраманјам Џаишанкар, како и со други високи индиски претставници.

Би можело да ве интересира

Османи: Ќе обезбедиме предвидлива и конструктивна иднина за ОБСЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Индиските работници по повеќе од 17 дена се извлекоа од урнатиот тунел

Горан Наумовски

Османи: Малта ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ за 2024 година

Несреќа во Индија: Над 30 загинати, 18 повредени откако автобусот слета во провалија

Османи: Изборите бараат рамен терен за натпревар, прашањето на датумот не треба да се политизира

ВИДЕО: Работниците во Индија уште се заглавени, продолжува извлекувањето