Османи во Австрија на конференција на европски градови и регони – „Наредната генерација на нови земји – членки на ЕУ“

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи ќе присуствува на Тринаесетата конференција на европски градови и региони на тема „Наредната генерација на нови земји – членки на ЕУ“ (“The Next Generation of New EU Member States“), во организација на Институтот на Регионите на Европа, што ќе се одржи во Салцбург, Австрија.

На конференцијата ќе се говори за шансите и перспективите на земјите од Западен Балкан во контекст на политиката на проширување на ЕУ. Главен говорник на конференцијата ќе биде Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој на овие теми директно ќе со соочи со заменик- претседателите на влади и министри задолжени за европска интеграција кои доаѓаат од земјите на Западен Балкан. На конференцијата, Вицепремиерот Османи ќе има свое обраќање, каде ќе се осврне на најголемите предизвици за реформирањето на земјата по промената на власта, а во контекст на сѐ поевидентниот европски оптимизам во регионот.

Во рамките на посетата во Салцбург, во агендата на Вицепремиерот Османи е планирана и засебна неформална средби со Јоханес Хан, Европскиот комесар за добрососедска политика и проширување, каде акцент ќе се стави на напредокот на Република Македонија во откочувањето на евроинтегративните процеси, имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот на земјава во односите со соседите.
Во продолжение на посетата, Вицепремиерот Османи ќе оставари билатерална средба и со д-р Волфганг Брандштетер, вице-канцелар и Министер за правда на Република Австрија. На средбата ќе бидат отворени темите кои произлегуваат од областа на реформите на правосудството кои се содржани во Планот 3-6-9, а во контекст на забелешките и препораките во најновиот Извештај подготвен од страна на високата експертска група предводена од Рајнхард Прибе.

На маргините од конференцијата, Вицепремиерот Османи ќе оствари и серија билатерални средби со претставниците на земјите од регионот како што се, Одета Барбулуши, Заменик министерка за Европа и надворешни односи на Република Албанија, Игор Црнадак, Министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Енвер Хоџа, Заменик премиер на Република Косово како и Јадранка Јоксимовиќ, Министерка за европска интеграција на Република Србија.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Верижна сообраќајка кај Грац, повредени се најмалку 29 лица

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски