Османи: ВМРО-ДПМНЕ се повеќе прераснува во шовинистичко здружение кое на светите празници изнесува лаги и невистини

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги отфрли како лаги и невистини обвинувањата од опозицијата која бара негова оставка бидејќи на прес-конференцијата со шпанскиот министер за надворешни работи не го користел македонскиот јазик како официјален јазик на државата.

– ВМРО-ДПМНЕ се повеќе прераснува во шовинистичко здружение кое не ги почитува ни своите поддржувачи кога на светите празници изнесува лаги и невистини, а уште помалку останатите граѓани кои постојано ги навредува и омаловажува ширејќи етничка омраза и нетрпеливост, напиша Османи на неговата официјална фејсбук страница.

На фејсбук статусот е закажен и линк од прес-конференцијата со шпанскиот министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела