Османи: Владата го усвои договорот за Фронтекс, подготвени сме за негово потпишување

Од:

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со Министерот за економија Крешник Бектеши, во рамките на работна посета на Брисел остварија средба со Димитрис Аврамопулос, Еврокомесар за миграција и внатрешни работи.

На средбата Вицепремиерот Османи ја претстави содржината на новиот реформски План 18 со посебен акцент на имплементацијата на реформите во делот на борбата против организираниот криминал и корупцијата односно на делот со миграциите т.е. унапредување на соработката со Фронтекс.

„Носам добри вести од Скопје, каде вчера, Владата, донесе одлука со која го усвои текстот на Договорот меѓу Република Македонија и Европската Унија, со кој се регулира статусот на пограничните служби и соработката со европските погранични органи – ФРОНТЕКС“, истакна Османи на средба, испраќајќи притоа отворена покана до еврокомесарот Аврамопулос за посета на земјава на која би се потпишал и официјализирал овој договор.

Во продолжение Османи го информираше еврокомесарот за новиот План 18, во контекст на неговата улога на катализатор на реформите на земјата до формалниот почеток на преговорите. „Се надевам на успешен резултат од јунските самити на Европската Унија, со одлука која ќе ја забетонира нашата евроатлантска иднина“, истакна Османи на средбата.

На средбата соговорниците ја отворија и темата за напредокот во политичките односи помеѓу Македонија и Грција при што, соговорниците изразија задоволство од постигнатиот напредок во затоплувањето на односите, деескалација на политичките несогласувања, но и задоволство од напредокот во разговорите околу спорот за името. „Се надевам дека многу скоро спорот меѓу Македонија и Грција ќе биде надминат со што ќе се создадат услови за забрзано продлабочување на добрата соработката меѓу двете земји“ – додаде Османи.

Во рамките на дводневната работна посета на Брисел, Османи денес ќе оствари средба и со Кристијан Даниелсон, Генерален директор во Директоратот за Европска соседска политика и преговори за проширување во рамките на која ќе биде презентиран новиот реформски План 18 пред претставниците на Директоратот за проширување, од каде Османи, покрај поддршката за Планот, ќе побара и сугестии, коментари и евентуални забелешки кои би се искористиле при финализацијата на содржината на новиот реформски План 18 кој се очекува набрзо да биде усвоен од страна на Владата.

Во текот на утрешниот ден Вицепремиерот Османи ќе оствари средба и со Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и Потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини и ќе одржи брифинг со претставниците на земјите членки на Европската Унија во работната група КОВЕБ, а на маргините на посетата ќе има и свое обраќање за европските интеграции на Македонија пред дипломатските претставници како и претставниците на граѓанскиот сектор во Брисел, во организација на фондација Ханс Зајдл.

Би можело да ве интересира

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

Горан Наумовски

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

A1on

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции