Османи: Успешната соработка меѓу Македонија и Јапонија крунисана со зголемен буџет за развојни проекти

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален координатор за странската помош во Република Македонија, денеска присуствуваше и се обрати на церемонијата која се одржа по повод потпишувањето на деветте проекти со кои Владата на Јапонија, во рамки на Грант програмата за мали проекти за основни човекови потреби, ќе ѝ обезбеди средства на Република Македонија.

Вицепремиерот Османи во своето обраќање изрази благодарност до Јапонската Влада на оваа поддршка преку која ќе се обезбедат средства за подобрување на состојбите во многу значајни сектори како што се здравствениот и образовниот сектор.

„Посебна благодарност сакам да упатам и до амбасадорката Ханеда, но и до целиот тим на Амбасадата на Јапонија во Република Македонија, со чија упорност и посветеност се обезбедени овие неповратни средства”- истакна Османи, притоа потенцирајќи дека заедничкиот труд резултира со зголемен буџет оваа година за финансирање на оваа програмата за мали проекти, што говори исклучително позитивно за одлична соработка и пријателски односи меѓу Јапонија и Република Македонија.

Поддршката од страна на Јапонија датира уште од самото осамостојување на Република Македонија, период во кој Јапонија има обезбедено голема поддршка преку официјалната развојна помош во повеќе значајни сектори за граѓаните како што се здравство, образование, развој на локалните заедници итн.

„Како Национален координатор за странската помош во Република Македонија имам определба нашата соработка дополнително да се унапредува и во периодот што претстои, и, верувам, со сесрдната и искрена помош на амбасадорката Ханеда, но и на целиот тим на Амбасада на Јапонија дека ќе успееме да ја унапредиме не само развојната соработка, туку и економската, културната и политичката соработка меѓу двете земји”, заклучи Османи.

Би можело да ве интересира

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски