Османи: Успешната апсорпција на ИПА средствата е основен двигател на европските перспективи

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи го отвори Секторскиот мониторинг комитет за ТАИБ, што се одржа во Клубот на пратеници. Паралелно, како што соопшти СЕП, се одржа и трет состанок на Секторскиот мониторинг комитет за владеење на право и фундаментални права, прв основачки состанок за демократија и владеење, трет состанок за конкурентност, иновации, земјоделие и рурален развој, како и прв основачки состанок за образование, вработување и социјална политика.

-Успешното спроведување на проектите финансирано преку ИПА продолжува, и тоа претставува најдобар промотор на европските перспективи на земјава истакна Османи, потенцирајќи дека, независно од политичката состојба во која се наоѓаат европските интеграции по октомврискиот самит, продолжуваат и реформите и хармонизацијата на нашето законодавство со европското, со цел приближување до европските правила, стандарди и вредности.

-Европските перспективи, рече, остануваат водечка улога во создавањето на нашата политика, при, што, унапредувањето на апсорпцијата на ИПА средствата има клучна улога.

На сите состаноци се водеше дискусија за отворените прашања во спроведувањето на Секторските програми финансирани од ИПА 2. Но и за тековните прашања поврзани со отпочнувањето на постапката за затворање на програмата Помош при транзиција и градење на институциите- ТАИБ 2013 година, и затворањето на компонентата ТАИБ како последна програма под ИПА 1.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски