Османи-Сузуки: Билатералните односи меѓу С. Македонија и Јапонија исклучително блиски

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на посетата на Јапонија, оствари средба со државниот министер за надворешни работи, Сузуки Такако.

Во фокусот на разговорите беа билатералните односи меѓу Северна Македонија и Јапонија, што беа оценети како исклучително блиски и пријателски. Османи изрази благодарност за целокупната јапонска помош преку различни донации, грантови и проекти, што го поттикнува нашиот економски и социјален развој, известуваат од МНР.

„На средбата стана збор и за потенцијалот за зајакнување на економската и бизнис соработка, при што беше поздравено идното учество на Северна Македонија на Осака ЕКСПО 2025, како и одржаната бизнис презентација од страна на Османи на бизнис форумот во Јапонската организација за меѓународна трговија (ЏЕТРО).

Воедно, беше упатена заедничка осуда за руската воена инвазија во Украина, што претставува закана не само за мирот и стабилноста на европскиот континент, туку го таргетира и Индо – Пацификот и целокупната меѓународна безбедносна архитектура“, соопшти МНР.

„Покрај билатералните односи, кои беа оценети како многу добри и со постојан нагорен тренд, се разговараше за соработката на мултилатерален план и за меѓусебната поддршка за кандидатури во меѓународни организации.

Соговорниците меѓусебно се информираа и за состојбите во Индо-Пацифичкиот регион, како и за актуелните состојби во Западен Балкан. Притоа, беше нагласена јапонската поддршка за евроинтегративните процеси на Северна Македонија, што е особено значајно за зачувување на стабилноста во земјата и регионот. Османи од своја страна изрази поддршка за јапонските заложби за слободен и отворен Индо – Пацифик, истовремено упатувајќи силна порака дека меѓународното статус кво во споменатиот регион не смее да се менува еднострано и со употреба на сила.

Османи од Токио заминува во посета на Вашингтон каде ќе ја предводи владината делегација во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД“, се наведува во соопштението на МНР.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Фрчкоски до Муцунски: И од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста

Горан Наумовски

МНР најави кадровски решенија за испразнетите амбасади и конзулати

Горан Наумовски