Османи – Суомалаинен: Изборните реформи меѓу клучните приоритети на Владата

Од:

Заменик- претседателот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со амбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен.

На средбата, вицепремиерот Османи истакна дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје обезбедува важна помош за Македонија, особено во областа на владеењето на правото и изборните реформи, притоа оценувајќи дека состанокот доаѓа во вистински момент, имајќи ги предвид претстојните локални избори.

Вицепремиерот Османи подвлече дека изборната реформа останува меѓу клучните приоритети на Владата, вклучително и адресирањето на препораките наведени во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР.

Тој истакна дека долгата политичката криза била резултат на статус кво состојбата, предизвикана од застојот во евроатлантските интеграции на земјата. Новата Влада, додаде вицепремиерот Османи, има можност да го искористи позитивниот момент на новиот евроинтегративен импулс и повторно да го активира процесот на реформи во согласност со стандардите на ЕУ, кои се и во согласност со принципите и заложбите на ОБСЕ.

Османи исто така нагласи дека Владата ќе се фокусира и на имплементација на Охридскиот рамковен договор и решавањето на отворените билатерални прашања со соседите.

Амбасадорката Суомалаинен искажа подготвеност да обезбеди поддршка и помош за реформскиот процес, особено во областите во кои имаат експертиза и веќе работат во земјава, како што се реформите во судството, медиумите и изборите, но и други области кои се од интерес за интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски