Османи: Соодветно да се валоризира напредокот на земјата во евроинтеграциите

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, работната посета на Белгија ја продолжи со посета на белгискиот Парламент, каде што оствари средба со претседателкките наПретставничкиот дом и на Сентот на Федералниот парламент, Елиан Тилие и Стефани Д’Ос.

Како што соопшти МНР, фокусот на разговорите беше ставен на европската интеграција на Северна Македонија, добрососедските политики во регионот, внатрешно – политичката состојба во земјата, регионалната соработка и севкупната состојба, ако и за други актуелни меѓународни прашања со геополитичка конотација.

Османи упати благодарност за принципиелната позиција на Белгија, рефлектирана преку поддршка на европскиот пат на нашата држава, како резултат на постигнатите реформи, особено во делот на добрососедската политика.

– За нас, за нашето општество, за администрацијата и за сите прогресивни сили во државата е неопходно соодветно валоризирање на постигнатиот напредок во нашата земја од аспект на евроинтеграциите, тоа ќе биде од големо значење и за задржување на кредибилитетот на Европската Унија во регионот, истакна Османи.

За време на разговорите од белгиска страна беше упатена и честитка за идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 и за заложбите за нашиот придонес кон човековите права, демократијата и владеење на правото.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов