Османи: Силна, стабилна и ефикасна Европа, заеднички приторитети на Македонија и Франција

Од:

Во заедничка организација на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, бирото на францускиот меѓународен експерт и Секретаријатот за европски прашања, денеска се одржа работилница под наслов „Административна и министерска координативна работна група и европски преговори: рецепти за успех“. На работилницата воведни обраќања имаа Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи како и францускиот амбасадор Критијан Тимоние.

„Европските интеграции, се движат во вистинска насока, и тоа не е само поради успехот на Договорот од Преспа, туку и успесите во остварувањето на историскиот Договор за добрососедство со Бугарија, усогласувањето на Законот за употреба на јазиците како и други тешки политички прашања“- истакна Османи, потенцирајќи ги во истата насока и успешно имплементираните реформи од Планот 3-6-9, изразувајќи притоа задоволство и од имплементацијата на реформите од Планот 18.

„Француските искуства се од особена важност за Секретаријатот за европски прашања, особено во периодот кој ни претстои, затоа што СЕП, како единствено стручно тело, со технички, кадровски и експертски капацитет, ја има улогата да го води севкупниот процес на европските интеграции – од надзор и координација на имплементацијата на реформите, до подготовките за преговори“ истакна Османи, упатувајќи благодарност до амбасадорот Тимоние, кој со своите активности на вистински начин го пренесува напредокот на земјава по сите основи, со што го трасира патот за пријателството меѓу двете земји. „Ова наше пријателство очекуваме да финишира со поддршка и од страна на Франција за нашите европски интеграции, што е доказ дека нашите приоритети се во иста насока, сите ние сакаме и стабилна, и безбедна и ефикасна Европа, нешто за што ни е потребна обединета Европа“- заклучи Османи.

На работилницата учествуваа видни гости, како што се: Салваторе Серевал, заменик на Генералниот Секретар за европски прашања во Владата на Франција; Клен Јарац, Директор за Европски прашања во Владата на Естонија; пратениците во францускиот Парламент Жак Мари, кој воедно е и Потпретседател на Комитетот за надворешни работи во францускиот Парламент, како и Лилијана Танги, која воедно е и Потпретседател на Комитетот за европски прашања во францускиот парламент.

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Горан Наумовски