Османи: Само фер, слободни и веродостојни избори ќе ја потврдат институционалната и демократска зрелост на земјата

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со делегација од Секретаријатот за европски прашања, денеска во рамките на институционалните посети поврзани со имплементацијата на реформите од Планот 18, оствари средба со членовите на Државната изборна комисија.

„Државната изборна комисија претставува вистински репрезент на спроведувањето на реформските обврски, од секој аспект, имајќи предвид дека и измените на законот, но и новиот состав на Комисијата, беа обврски преземени со реформските планови, кои беа навремено исполнети, и најважно, во исклучително инклузивен процес, со политички консензус меѓу власта и опозицијата“ – истакна Османи.

Во овој контекст тој потенцираше дека улогата на ДИК во исполнувањето на обврските на земјата е од особено значење со оглед на претстојните претседателски избори, бидејќи само фер, слободни и веродостојни избори ќе ја потврдат институционалната зрелост на земјата да обезбеди владеење на правото, фер и компетитивна политичка борба, како основен предуслов за изградба на демократско општество согласно западните вредности, а воедно ќе претставува еден од најважните „трак-рекордс“, т.е., демонстрација на лице место на успешноста на реформите кои досега се имплементирани.

Денешната средба со членовите на ДИК е дел од институционалните средби во чии рамки претходно беа остварени посети на Државната комисија за спречување на корупцијата, Националниот координативен центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и средба со членовите на Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, а истите имаат за цел да се направи увид во начинот на кој се спроведени реформите, да се утврдат предизвиците со кои се соочуваат институциите при имплементацијата на реформите, но и да се потенцира важноста во обезбедувањето на таканаречениот „трак – рекорд“, т.е. видливи и опипливи резултати од самите реформи.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица