Османи прифати грешка, не требало да објави фотографија без маски оти праќа погрешна порака до граѓаните

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој ја објави фотографијата од групирањето на ДУИ во новиот објект на Министерството за политички систем вели дека немало непочитување на протоколите, но прифаќа дека е грешка тоа што објавил фотографија без маски.

Објасни дека тоа било само момент заради фотографирање, кој добил погрешна интерпретација во јавноста и жали што е причина за негативни чувства.

„Немаше ниту прослава, ниту партизација, ниту непочитување на протоколите. Имаше момент на промовирање на новиот објект на Министерството каде еден од вработените го изненади претседателот Ахмети со честитка за неговиот роденден и тој миг се искористи за да се направи слика. Во тој дел нема апсолутно кршење на протоколите. Тука прифаќам една грешка дека можеби пораката што се дава до граѓаните на слика без маска треба да се минимизира, независно што тоа е без маска во миг поради сликањето, а не одржување на некаква церемонија без маски, но да, не треба да се пуштаат слики без маска. Едно можам да гарантирам, ниту имало прослава, ниту имало непочитување на протоколите. Треба да ги видите и другите слики за да видите дека тоа е миг на изненадување во кој тие што се најдоа во моментот, направија слика. Жал ми е што стана причина за вакви чувства и нервози кај граѓаните и не треба да се повтори во тој дел, слики без маски заради порака. Во никој случај немаше кршење на протоколите“, рече министерот Османи.

Фотографијата од петнаесетмина членови на ДУИ меѓу кои и високи државни функционери Османи ја објави синоќа, а на социјалните мрежи се појавија и фотографии на кои лидерот Али Ахмети сече торта. Под објавените фотографии симпатизерите му го честитаат 62 роденден.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ