Османи предупредува: Може да се случи катастрофална ситуација во државата

Од:

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, по одлуката на Ѓорге Иванов, да не му го даде мандатот на Зоран Заев, изјави дека ДУИ го осудува обидот за продлабочување на политичката криза.

„ДУИ го осудува обидот заедничката Декларација на албанските партии во Македонија да се оквалификува како платформа на туѓа држава. Албанската платформа не е создадена во Тирана како што рече претседателот Иванов. Таа платформа ја направивме ние, албанските партии во Македонија. Префрлањето на кризата на интеретничка основа може да доведе до катастрофална ситуација во државата“, рече Османи.

Движењето БЕСА пак ја повикува меѓународната заедница, САД и ЕУ да интервенираат за враќање на правната држава, како и за враќање на државата по евроатлантскиот пат.

Движењето БЕСА повикува на умереност и посебно внимание во овие моменти.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ