Османи повикува на решение преку дијалог за случувањата во Украина

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин.

„На средбата стaна збор за случувањата во и околу Украина, при што министерот Османи повика на деескалација на состојбите и изнаоѓање решение преку дијалог и дипломатски начин на комуникација, и го повтори ставот дека Северна Македонија го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во меѓународно признатите граници.

Воедно, Министерот Османи нагласи дека нашето членство во НАТО претставува значајно надворешно – политичко достигнување на земјава, што е израз на наша суверена одлука донесена едногласно во Собранието во 1993 година. Членството на Северна Македонија во НАТО Алијансата претставува гаранција за нашата безбедност, а воедно придонесува и за пошироката регионална безбедност и сигурност. Дополни, дека НАТО е алијанса за колективна одбрана на земјите членки и не претставува закана за Руската Федерација или било која друга земја во светот.

Министерот Османи го реафирмираше повикот до Руската Федерација за отворен дијалог во рамки на Советот НАТО-Русија и во ОБСЕ со цел за унапредување на европската безбедност, што е од заеднички интерес за сите“, велат од МНР.

На средбата било дискутирано и за улогата на Македонија како дел од ОБСЕ Тројката и идното претседавање со ОБСЕ во 2023 година.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Русија

А1он

„Судбоносни денови“ – Орбан стравува од ширење на конфликтот од Украина кон Европа

Песков: Доколку Русија не ги постигне своите цели по мирен пат, конфликтот ќе продолжи

Вевер: Не може да се бара невозможното од нас

Украина: Пратеничката Скороход е шеф на криминална група

Горан Наумовски

Остра порака од Дмитриев: Повлекувањето на Мерц е апсурдно

Горан Наумовски