Османи: Поддршката од Норвешка ја очекуваме и за време на преговорите со Унијата

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари заедничка средба со Генералниот под секретар на Обединетите нации и Извршен дирекор на УНОПС, Грете Фаремо и Амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад, во рамките на која стана збор за билатералната соработка, за проектната поддршка која Кралството Норвешка ја обезбедува за Република Македонија како и за евроатлантските аспирации на нашата земја.

Вицепремиерот Османи најпрвин изрази задоволство од денешното отворање Канцеларија на УНОПС во Скопје, која од своја страна ќе придонесе кон поефикасно спроведување на дел од проектите поддржани од Норвешка, со потенцијал за проширување на оваа соработка и со други донатори.

Република Македонија има долгогодишна успешна соработка со агенциите на ОН и отворањето на Канцеларија на УНОПС во Скопје е добар сигнал за натамошно проширување на оваа соработка.

За време на средбата, Вицепремиерот Османи истакна дека билатерална поддршка која Кралството Норвешка ја обезбедува за нашата земја за проекти во најголем дел е наменета за остварување на најзначајните стратешки цели на земјата – интеграција во ЕУ и НАТО и изрази задоволство што истата е зголемена оваа година. Во овој контекст Османи се заблагодари за досегашната исклучително добра соработка со Кралството Норвешка, како и за севкупната поддршката што Република Македонија ја добива од оваа земја во спроведувањето на реформите, и во поддршката од страна на Норвешка за нашите евроатлантските интеграции.

Османи ги информираше соговорниците и за напредокот на Македонија во европските интеграции. „Македонија доби чиста препорака од страна на Европската Комисија во април оваа година, која, со оглед на постигнатиот договор со Грција, очекувам да биде потврдена од страна на Европскиот совет кон крајот на месецот, со што Македонија ќе добие датум за преговори“, истакна Османи, нагласувајќи притоа дека и во периодот до почетокот на преговорите, но и за време на преговорите, Македонија се надева на континуитет на поддршката од страна на Норвешка.

Соговорниците се согласија дека во претстојниот период ќе се интензивира меѓусебната соработка насочена кон реализација на клучните реформски процеси за постигнување на– полноправно членство во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Нов упад со дрон во Норвешка: „Беше толку блиску што се гледаше од контролната кула“

Горан Наумовски

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски