А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Магазин

Избрани најбезбедните дестинации за туристите

by А1он27/12/2025 - 10:37203
Share0

Индексот на безбедност при патување станува сè поважен фактор за туристите при изборот на дестинација. Покрај цените и туристичките атракции, сè поголемо внимание се посветува и на личната сигурност.

Следете a1on на Instagram Instagram

Рангирањата за безбедност ги земаат предвид стапките на криминал, политичката стабилност, здравствената инфраструктура, ризиците од природни катастрофи и општиот квалитет на живот, со цел да се добие реална слика за тоа колку една земја е безбедна за патување.

Според најновите анализи за 2025 година, земјите од Северна Европа повторно се наоѓаат на врвот на листата на најбезбедни држави во светот. Исланд, Данска, Финска, Норвешка и Шведска со години важат за земји со ниска стапка на криминал, стабилни институции и висок степен на доверба на граѓаните во системот.

Во овие држави туристите се соочуваат со уредени градови, сигурни јавни услуги и силен социјален систем, што значително ги намалува ризиците за време на престојот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Исланд особено се издвојува како една од најбезбедните земји во светот. Ниското ниво на криминал, политичката стабилност и функционалното општество ја прават оваа земја привлечна за индивидуални патници, семејства и љубители на природата.

Данска и Финска исто така се високо рангирани благодарение на високиот животен стандард, ефикасните здравствени системи и организираните безбедносни служби.

Надвор од Европа, Сингапур се истакнува како една од најбезбедните дестинации во Азија. Град-државата е позната по строгото спроведување на законите, ниската стапка на криминал и високото ниво на јавен ред.

Земјите што се највисоко рангирани во однос на безбедноста имаат заеднички карактеристики, како што се фокусот на превенција, развиени здравствени системи и јасно дефинирани општествени правила, што на туристите им обезбедува чувство на сигурност и контрола за време на патувањето.

magazinnorveska

Би можело да ве интересира

За првпат целосно дигитални учебници за деветто одделение – „Арс Ламина“ ги обезбедува бесплатно за сите ученици и наставници

Предраг Петровиќ04/09/2026 - 14:47

Илон Маск со објава на Х за соработката меѓу SpaceX и 4iG за Starlink

Предраг Петровиќ03/09/2026 - 11:38

Модната индустрија пред голема промена: Што ќе прават Chanel, Zara и останатите со непродадената облека?

Предраг Петровиќ31/08/2026 - 20:15

Откажан концертот на Дино Мерлин во Краљево, по барањата на ветераните да биде забранет

Предраг Петровиќ31/08/2026 - 15:1131/08/2026 - 15:11

Доли Партон погребана во тесен семеен круг: Последната желба ѝ е исполнета

Предраг Петровиќ30/08/2026 - 11:49

Почина норвешкиот крал Харалд

Катерина Ѓуровски28/08/2026 - 09:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео