Османи: Поддршка од Германија е од суштинска важност за Македонија, очекуваме таа да продолжи и во иднина

Од:

Во рамките на посетата на Германија, Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, меѓу останатите средби, оствари и поединечни средби со Адреас Гис, Директорот на Директоратот за развојна соработка во Сојузното министерство за економска соработка и развој и со Кристоф Бајер, Потпретседател на Управниот Одбор на ГИЗ (Германската агенција за меѓународен развој).

На средбите, Вицепремиерот Османи изрази благодарност за континуираната поддршка и посветеноста на Германија за европските интеграции на земјите од Западниот Балкан, особено истакната преку иницијативата на „Берлинскиот процес“, но и за директната билатерална поддршка што Република Македонија ја добива од Германија. „Имајќи ја предвид политичката поддршка, како и финансиската и развојна поддршка на Македонија, Германија ја сметаме за земја пријател и партнер на нашата земја за европски и евро-атлантски аспирации“ – изјави Османи.

Во текот на разговорите, Вицепремиерот Османи ги запозна соговорниците за новата политичка клима во Македонија, фокусот на новата Влада кон евроинтеграциите, имплементацијата на Планот 3-6-9 итн. Соговорниците се согласија дека Берлинскиот процес претставува одлична можност за зголемување на регионалната соработка меѓу земјите до Западниот Балкан, нешто што претставува и услов за членство во Европската Унија, но и важна придобивка за граѓаните од регионот.

Османи посочи дека Владата останува посветена на целосно спроведување на реформите кои се од клучно значење за враќање на земјата на патот на ЕУ. Притоа, особено е важно, покрај помошта која се обезбедува преку ИПА фондовите, да се обезбеди и таргетирана билатерална поддршка која ќе придонесе за успешно и ефикасно спроведување на клучните реформи.

Вицепремиерот задолжен за Европски Прашања Бујар Османи имаше работна посета на Берлин, каде се сретна со повеќе високи претставници на Германската држава, како и претставници на влијателни невладини организации и тинк-тенкови. На средбите, Вицепремиерот Османи ги преставува политичките состојби во Република Македонија, а од германските претставници побара поддршка за нашите европски и евро-атлантски аспирации.

Би можело да ве интересира

Германија и купува ракетни системи „Патриот“ на Украина

Горан Наумовски

Напад со нож во Германија, неколку лица се повредени

Историски одбранбен пакт меѓу Велика Британија и Германија е на повидок, ги заобиколува САД

„Русија води војна против Германија“ – Мерц ѝ порача на нацијата дека мора да се одбрани од агресијата на Москва

А1он

Шпионска афера во Германија, вмешан е и Иран

Тревога во Германија: Борбени авиони пресретна руски авион над Балтичкото Море