Османи: Подаваме рака кон оние на кои во моментов тоа им е најпотребно

Од:

Донесовме одлука да подадеме рака кон оние на кои во моментов тоа им е најпотребно. Тоа се луѓето од Авганистан, наши сојузници и нивните семејства, истакна во објава на Фејбук министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук.

Да се биде солидарен, напиша Османи, не значи само да се повторуваат пораките за солидарност, туку да се преземат дела кога е тоа потребно, особено кон оние на кои тоа им е најпотребно!

-Ние сме солидарна држава и тоа сме го покажале многупати досега. Ништо поразлично не правиме ниту сега. Донесовме одлука да подадеме рака кон оние кои во моментов тоа им е најпотребно. Тоа се луѓето од Авганистан, наши сојузници и нивните семејства. Тоа се наши пријатели, луѓе како нас, кои ги делат нашите вредности, и на кои не по нивна вина денес им е загрозен животот и нивната безбедност.
И ова не го правиме сами, туку е ова израз на нашата солидарност заедно со нашите сојузници – затоа што сме партнери и во добро и во лошо. Заедно влеговме и заедно излеговме од Авганистан – и сега заедно ќе ја преминеме и оваа криза, и овој предизвик. Утре е националниот ден на Авганистан. Честитајќи им го овој ден на сите Авганистанци сакам да порачам – Република Северна Македонија останува ваш пријател, стои во објавата на Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Секогаш кога иднината изгледаше неизвесна, граѓаните избираа достоинство, демократија и европска иднина

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

Бројот на загинати по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

А1он

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

Османи: Нема да има небезбедни и темни улици, Чаир конечно ќе блесне

Уште еден силен земјотрес во Авганистан