Османи: Нема договор со ПЕИ

Од:

Нема договор за коалицирање на ДУИ и ПЕИ и не е договорено ПЕИ да го поддржи кандидатот на ДУИ за градоначалник на Струга, а членството на ДУИ да гласа за кандидатот на партијата на Фијат Цаноски за Маврово – Ростуша, пишува „Плусинфо“.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, ги негираше шпекулациите дека двете партии постигнале коалициски договор. Османи за „Плусинфо“ вели дека двете партии разговараат и очигледна е добрата волја и кај двете партии, но договор до овој момент не е постигнат.

„Има разговори, има добра волја кај двете страни, но преговорите сè уште не се завршени. Формирани се работни групи за да се види можноста за соработка, но шпекулација е информацијата дека има епилог, односно дека тие разговори се завршени“, рече портпаролот на ДУИ, Османи.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата