Османи: Не сум го гласал Мерко за да кажам дали да даде оставка, сам треба да си одлучи

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели струшкиот градоначалникот Рамиз Мерко по именувањето на т.н Црна листа на САД, треба сам да донесе одлука дали ќе даде оставка од функцијата.

– Мислам дека Мерко треба сам да донесе одлука по однос на неговиот однос со граѓаните коишто го избрале. Да сум јас гласач во Струга, да беше тоа градоначалник од Чаир, ќе кажев мое мислење. Меѓутоа јас не сум го гласал, ниту живеам во Струга, и мислам дека тоа е прашање на односот помеѓу градоначалникот и граѓаните коишто го избрале. Во однос на партиските функции, државните функции апсолутно сме недвосмислени во тој дел, рече Османи, на новинарско прашање на прес-конференција во МНР.

Тој посочи дека ДУИ го кажале нивниот став оти бараат сеопфатна домашна и меѓунардна истрага и активирање на сите можни механизми, како и дека се замрзнуваат сите позиции во партијата.

-Тоа е најдобриот одговор што можеме да го дадеме во моментот. Градоначалниците се избрани на директни избори. Ниту премиерот не е на директни избори, ни министрите, сите ние сме именувани од Собранието. Тие се на директни избори. Не се неговите гласачи само од ДУИ, и Македонци, и Албанци, и од сите други политички. Тој однос е меѓу градоначалникот и граѓаните и сами треба да го решат. Нашиот став го кажавме и мислам дека од сите досегашни реакции во регионот, бидејќи имаше црни листи во Албанија и во други држави, единствена ваква реакција имате од ДУИ. ДУИ, кажува – Да, ја прифаќаме одлуката, веднаш да се активираат механизмите, се замрзнува членството во партијата, продолжете да го истражувате. И дури ги охрабруваме САД да продолжат, да именуваат доколку сметаат дека има такви коишто треба да се именуваат. Мислам дека ДУИ го прекина трендот на реакции кон ваквиот механизам којшто го донесоа САД, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Обвинение за Мерко за бесправно проширување на хотелот „Дрим“

Продолжи судењето против Мерко и за утре тројца за фалсификување исправа и за несовесно работење во училиштето во Велешта

Укинат факултетот за здравствени науки во Струга, Владата ја поништи одлуката од претходното владино раководство

Шаќири: Не сум основал медицински факултет во Струга, туку тригодишни студиски програми за медицински сестри

A1on

Заврши едногодишното претседавање на Македонија со ПСЈИЕ – Тирана e иден претседавач

A1on

ВЛЕН: Универзитетот на Мерко, кој е на американската црна листа, доби бакшиш од министерот – aкредитација за Медицински факултет

A1on