Османи: НАТО е незаменлив за нашата безбедност

Од:

НАТО е незаменлив фактор за нашата безбедност, заради што особено важно е приспособување на Алијансата кон новите закани на начин што би ја зајакнал политичката кохезија, а демонстрирање на единство и солидарност е од витално значење за справување со предизвиците што се производ на глобалните безбедносни промени, истакнал министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната видео-конференција на состанокот на министри за надворешни работи на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО, информираат од МНР.

Главна тема на министерскиот состанок, како што велат од МНР, била агендата НАТО 2030, односно заокружување на преговорите поврзани со решенијата што треба да бидат усвоени на наредниот Самит за идното адаптирање на Алијансата кон новото стратешко опкружување, а со порака дека Алијансата е обединета во светло на растечките предизвици на денешницата и геополитичко ривалство, како и дека колективната одбрана останува врвен приоритет.

Во своето обраќање, министерот Османи се осврнал и на потребата од засилена соработка на НАТО и ЕУ во насока на градење на регионот на Западен Балкан отпорен на безбедносните закани и надворешни влијанија, што, како што кажал, е особено значајно во контекст на гарантирање на неповратниот карактер на европските и евроатлантските процеси.

Министерскиот состанок на Северно-Атланскиот Совет на НАТО се одржа во пресрет на НАТО Самитот закажан за 14 јуни во Брисел, што ќе претставува прво наше учество на лидерски состанок на Алијансата во својство на полноправна членка.

Би можело да ве интересира

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он