Османи: Нашето општество е пример за мултиетничка демократија

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи учествуваше на министерски состанок за унапредување на слободата на религиите на покана на неговиот полски колега Збињев Рау.

– Силно сме посветени на почитување и заштита на слободата на религиите и убедувањата, преку стриктно утврдена легислатива преку која се гарантираат овие основни човекови права. Во таа насока, преку институционалните структури вршиме нивна промоција, заштита и унапредување на национално ниво, истакна Османи на онлајн состанокот.

Од Кабинетот на министерот Османи информираа дека тој ги презентирал активностите што Владата ги превзема и на меѓународен план за промоција на слободата на религијата и потсетил дека почнувајќи од 2007 година, Република Северна Македонија, на секои три години, организира меѓународна конференција посветена на дијалогот меѓу цивилизациите и религиите, како потврда за мултирелигискиот и мултикултурниот карактер на земјата.

На состанокот со консензус од страна на учесниците се усвоени неколку заеднички изјави посветени на унапредување на меѓурелигискиот дијалог, заштитата на малцинските религиозни групи, придонесот на религиозните актери кон градењето на мирот и слично.

Целта на состанокот, како што се наведува во соопштението, произлегла од потребата од енергично јакнење на напорите на меѓународен план за справување со злоупотребата на религиите во криминални цели, како и од потребата за нивна заштита, негување и почитување.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов