Османи најави блиска соработка со двете претседателства на ОБСЕ – шведското и полското

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше средба со амбасадорите на Шведска и Полска во Република Северна Македонија, Кристин Форсгрен Бенгтсон и Војтек Тучински, чии земји претседаваат со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2021 и 2022 година.

-Подготвени сме за блиска соработка со двете претседателства во следниот период, во функција на успешно надминување на предизвиците по прашањата на европската безбедност, вклучително и од аспект на пандемијата која има големо влијание врз економскиот развој и социјалната кохезија, како важни детерминанти на демократската безбедност, истакнал Османи на средбата.

Тој заблагодарувајќи се за дадената поддршка на двете земји за кандидатурата на Република Северна Македонија за претседавање со ОБСЕ во 2023 година, ја реафирмирал определбата на земјава да даде придонес за зајакнување на мултилатерализмот, дијалогот и соработката помеѓу 57 земји-учеснички на Организацијата во функција на имплементацијата на заложбите и обврските преземени од сите земји во рамките на ОБСЕ

Би можело да ве интересира

Левица: ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период

Предраг Петровиќ

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

Левица: ОБСЕ ја истражува цензурата врз партијата

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија