Османи на средба со престолонаследникот Акишино и принцезата Акишино

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, во рамки на работната посета на Јапонија се сретна и со престолонаследникот Акишино и принцезата Акишино.

На средбата, министерот Османи изрази задоволство од односите меѓу двете земји, особено во делот на културната соработка. Го поздрави делото на Кензо Танге како точка на обединување и симбол на пријателството меѓу двете земји, како и годинешното доделување на наградата “Златен венец” на јапонскиот поет, Шунтаро Таникава, во рамки на Струшките вечери на поезијата, информира МНР.

Потоа, министерот Османи оствари средба со претседателот на Парламентарната група за соработка меѓу Северна Македонија и Јапонија, Шинџи Иноуе и други членови на групата.

На средбата стана збор за теми од билатералните односи меѓу двете земји, можностите за унапредување на соработката особено во делот на економијата и бизнисот, современите безбедносни предизвици и нивното влијание врз европскиот континент и Индо – Пацификот, се додава во соопштението на МНР.

Би можело да ве интересира

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни