Османи на средба со Катругалос: Грција станува нашиот најголем партнер во евроатлантските интеграции

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Грција, оствари средба со Алтернативниот Министер за надворешни работи и европски прашања, Јоргос Катругалос.

Главна тема на средбата беше политичкиот развој на настаните во двете земји по одлуката на Собранието за отворањето на уставот на Република Македонија, а во насока на обврските на кои произлегуваат од Договорот од Преспа.

„Имаме голем број проекти кои се поврзани со Мерките за градење доверба, но и воопшто во насока на унапредување на комуникацијата и соработката меѓу двете земји, и чија реализација, согласно напредокот во политичките односи, треба да добијат забрзано темпо“ – истакна Османи на средбата, посочувајќи ја како еден од поважните иницијативата на еврокомесарот Хан, за трилатерална соработка меѓу Македонија, Грција и Албанија, за одржлив развој на поширокиот преспански регион, кој покрај заштитата на убавото преспанско езеро, предвидува и отворање на меѓусебните гранични премини околу езерото, но и проекти за локален економски развој.

„Покрај бенефитите за локалното население, успешноста на овој проект има и пошироко симболично значење, затоа што Преспа е веќе симбол и на помирување меѓу двете земји, на успехот во надминувањето на долгогодишниот спор, како и симбол на меѓусебната соработка и напредок“ истакна Османи. Во продолжение Османи наброи и други потенцијални проекти во насока на унапредување на комуникацијата меѓу двете земји. Тој ја посочи модернизацијата на пругата Битола Кременица, како клучна железничка конекција на Скопје и Солун, што, пак, претставува најважниот трговски пристап на бизнисот до солунското пристаниште, а исто така и гасната интерконекција меѓу двете земји, за која посочи дека Македонија веќе аплицирала за грант преку Инвестициската Рамка за Западен Балкан каде како донатор учествува и Грција.

„Секако за нас најважна е соработката која очекуваме да ја оствариме во насока на успех на нашите европски интеграции. Успехот на Договорот од Преспа ја става Грција во редот на земји – пријатели, чија поддршка за нашите европски интеграции внатре во Унијата е забележлива“ – истакна Османи, најавувајќи го притоа заедничкиот проект меѓу двете министерства, за создавање на таканаречена „ЕУ Таск форс“ работна група, за размена на искуства во процесот на европски интеграции, започнатиот срининг процес, претстојниот процес на преговори, но и воопшто, процесот на комуникација со европската администрација и успешното искористување на ИПА средствата.

По завршувањето на средбата, Османи и Катругалос се упатија на Атинскиот аеродром на симболично свечено испраќање, каде Османи ќе го искористи првиот лет по нешто повеќе од десет години меѓу Атина и Скопје за да се врати назад.

Би можело да ве интересира

Македонски турист е спасен во Грција

Горан Наумовски

Бројот на туристи во Грција зголемен за 38 отсто во споредба со лани

A1on

Забрането е пливање на популарна плажа во Пефкохори поради излевање на отпадни води

ВИДЕО: Серија силни земјотреси во Грција: Четири удари за само четири минути

Катерина Ѓуровски

Ако има големи гужви, системот ЕЕС во Грција може привремено да функционира без земање биометриски податоци

Герапетритис ќе ги посети земјите од регионот, но не и Македонија

Горан Наумовски