Османи на средба со членовите на ДКСК, тема претстојните избори

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во рамките на средби со претставниците на државните институции задолжени за спроведување на изборите ќе се сретне со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата.

– Делегација од Секретаријатот за европски прашања предводена вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе остари средба со делегацијата на Државната комисија за спречување на корупцијата предводена од претседателката на Комисијата Билјана Ивановска. Оваа средба е дел од серијата институционални средби на Османи со претставници на институциите задолжени за спроведување на изборите, се вели во соопштението од Секретаријатот за европски прашања.

Целта на средбата, како што посочуваат од СЕП, е остварување на обврската за фер, слободни и компетитивни избори како дел од европската агенда на државата.

Вчера Османи имаше средба со членовите и претседателот на Државната изборна комисија. Османи и претседателот на ДИК Оливер Дерковски од седиштето на Државната изборна комисија упатија порака до сите учесници на претстојните парламентарни избори за важноста од организирање на фер, демократски и слободни избори, имајќи предвид дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски