Османи на конференција во Салцбург и средба со Хан

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ќе присуствува на 13. конференција на европски градови и региони на тема „Наредната генерација на нови земји – членки на ЕУ“, што се одржува во Салцбург, Австрија, во организација на Институтот на регионите на Европа.

На конференцијата ќе се говори за шансите и перспективите на земјите од Западен Балкан во контекст на политиката на проширување на ЕУ. Главен говорник на конференцијата ќе биде еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој на овие теми ќе дебатира со вицепремиери на влади и министри задолжени за европска интеграција од земјите на Западен Балкан.

– Вицепремиерот Османи во обраќањето на конференцијата ќе се осврне на најголемите предизвици за реформирањето на земјата по промената на власта, а во контекст на сѐ поевидентниот европски оптимизам во регионот, соопшти прес службата на владиниот Секретаријат за европски прашања на РМ.

Османи ќе има неформална средби со еврокомесарот Хан, при што акцент ќе се стави на напредокот на Република Македонија во откочувањето на евроинтегративните процеси, имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот на земјава во односите со соседите.

Најавени е билатерална средба на вицепремиерот Османи и со Волфганг Брандштетер, вицеканцелар и министер за правда на Австрија. На средбата ќе бидат отворени темите кои произлегуваат од областа на реформите на правосудството кои се содржани во Планот 3-6-9, а во контекст на забелешките и препораките во најновиот Извештај подготвен од страна на високата експертска група предводена од Рајнхард Прибе.

На маргините од конференцијата, вицепремиерот Османи ќе оствари и серија билатерални средби со претставниците на земјите од регионот како што се, Одета Барбулуши, заменик министерка за Европа и надворешни односи на Република Албанија, Игор Црнадак, министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Енвер Хоџа, заменик премиер на Република Косово, како и Јадранка Јоксимовиќ, министерка за европска интеграција на Република Србија.

Би можело да ве интересира

Верижна сообраќајка кај Грац, повредени се најмалку 29 лица

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Тежок кран згмечи тројца работници во тунел, полицијата се сомнева во технички дефект

(ВИДЕО) Силно невреме во Австрија, бурата и градот уништија згради и возила, улиците се претворија во реки

Австриските медиуми објавија слика од убиецот од Грац

Австрија прогласи тридневна жалост, полицијата ја истражува причината за масакрот во Грац